Следење на нарачката

Откако вашата нарачка е обработена (спакувана) и е доставена кај курирскиот сервис, вашата испорака ќе биде испратена до наведената адреса за испорака.

Откако пратката ќе биде испратена од нашиот склад, опцијата за следење на нарачката ќе биде достапна. Откако оваа опција ќе биде достапна, ќе добиете e-mail со линк кој ќе ви овозможи да го следите статусот на вашата нарачка.

Важно!

Имајте во вид дека опцијата за следење на статусот на нарачката не е веднаш активирана. Оваа опција ќе биде на располагање во рок од 24 часа по испораката.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.